Со Бугарија ќе славиме заедничка историја, Договорот со Бугарија не се потпишува на Илинден

Договорот за пријателство со Бугарија кој требаше да се потпише во Македонија на 2 август на празникот Илинден најверојатно ќе се потпише во Подгорица еден ден порано, најави премиерот Заев која во Собранието денеска го бранеше договорот за добрососедство.
Тој во парламентот индиректно потврди дека во иднина согласно договорот Македонија и Бигарија и формално ќе делат заедничка историја.

„Балканот споделува заедничка историја, Европа споделува заедничка историја, па и светот. Да не гледаме назад кон минатото, да ги затвориме отворените прашања и да продолжиме заедно да се радуваме на заедничката иднина, изјави премиерот  по тајната седница на Комисијата за надворешна политика, каде што пред опозицијата и пред партиите од албанскиот блок неколку часа го образложуваше нацрт-договорот со Бугарија.



До први август каде во Црна Гора за време на средбата на балканските премиери со американскиот претседател Пенс најверојатно ќе се потпише договорот има доволно време за да се надминат сите дилеми, смета премиерот.

„Тука ги слушнавме сите грижи околу него, но и позитивни ефекти. Нашата желба е да го потпишеме овој договор, но ниту еден поединец не одлучува туку Парламентот“, вели премиерот според кого , двете држави ќе работат заедно за националните интереси и за европската интеграција.

Премиерот ја расчисти главната дилема во договорот.

„Нема дилеми дека се работи за две држави и за два народи. На овој начин отвораме перспектива на градење добри односи со соседите и стануваме пример за соработка во регионот. Ретки се овие случаи на договор помеѓу две држави кои се договараат сами, а притоа да не одлучуваат политички ‘тешкаши’“, рече Заев.

 

За потпишување на договорот Заев кредит и дава и на опозицијата која што процесот го започнала уште во 2009 година од кога се одржани 10 заеднички комисии меѓу двете држави. Заев го повика ВМРО-ДПМНЕ и другите опозициски партии да дададат поддршка на нови односи кои ќе водат кон политика на пријателство и отворање нови перспективи.

Не беше прецизен дали акадеимиите на науките на двете земји биле вклучени во постигнување на договорот, само рече дека нивните односи придонеле за порелаксирана клима и нивните пријателства ќе придонесат повеќе за заокружување процесот.