Катица го тужи Боки 13!

Катица Јанева кривично го гони Бојан Јовановски – Боки 13 бидејќи неовластено ја снимал во нејзиниот дом.



Поранешната шефица на СЈО, која езаеднио со Јовановски се второ и првообвинети во случајот „Рекет“ , тужбата ја поднела пред два месеца, а денеска таа се најде во дополнетите докази на судењето за случајот.

Адвокатите сметаат и дека во нејзина полза е одлуката на обвинителството да повлече дел од доказите како одземените мобилни телефони.

„Очигледно е дека тоа се неовластени снимки. Така што тоа е кривично дело и сметавме дека на овој начин треба да постапиме“, рече Дељо Кадиев, адвокат на Јанева.

Судењето за „Рекет“ продолжува за два дена. Збор ќе имаат двајцата обвинети Бојан Јовановски и Катица Јанева. Тие ќе можат да ја дадат својата одбрана во кривичните дела – примање награда за противзаконито влијание и перење пари, односно за злоупотреба на службената положба и овласувања.

Боки 13 и Јанева се обвинети дека од бизнисменот Орце Камчев изнудиле 1,5 милион евра за да му се олесни положбата во истрагата „Империја“ што ја водеше тогашното СЈО.

Во „Империја, Камчев со уште 12 лица е осомничен за испрани речиси 11 милиони евра.