Германскиот државен медиумски сервис Дојче веле објавува напис со наслов кој укажува дека реалната бројка на заразени од коронавирусот може да е десет пати поголема од официјалните бројки.
Оваа анализа е направена врз основа на состојбата во германскиот “Вухан” односно малото градче Гангелт каде ситуацијата е најкритична во цела Германија.
“Ужасно висока темна бројка?
Од сите тестирани лица, околу 15% биле заразени. Ако оваа бројка се спореди со вкупниот број регистрирани инфицирани лица во Германија, се добива темна бројка која во Гангелт е петпати поголема.
Актуелните и прележаните инфекции во Гангелт се добиени со интеграција на резултати од анти-САРС-КоВ-2 антитела (ИгХ)-анализи во крвта, ПЦР-тестови, како и извештаи од поранешни позитивни ПЦР-тестови.
Ако ваквиот модел на пресметување се префрли на цела Германија, што инаку не е неспорно, би се дошло до резултат дека во земјата со коронавирус можеби се веќе заразени 1,8 милиони луѓе. Тоа е отприлика десетпати повеќе од бројот на регистрирани случаи кој го соопштува институтот „Роберт Кох”, пишува Дојче Веле во анализата.
Македонските власти и наука засега не излегуваат со слични анализи но интересно е да се види каква е разликата меѓу дисциплинирана Германија и Македонија каде огромен број луѓе не ги почитуваа(т) мерките на владата.
Целиот текст на овој линк





