Таканаречените „замислени заедници“, во коишто спаѓаат и нациите, имаат свој систем на вредности кој им служи на индивидуите да се идентификуваат со заедницата (Benedict Anderson,1983). Тој систем на вредности е оној conditio sine qua non (услов) без којшто не е можна идентификацијата, оној минимум усвоени карактеристики неопходен за да се препознаат заедницата и нејзините припадници. Во таа смисла, имагинарните заедници се легитимираат преку колективната „лична карта“ на нацијата и индивидуалната на нејзините припадници (пасош и др. лични документи за идентификација) пишува академик Катица Ќулавкова во текст кој го објавува Дојче Веле на македонски јазик.
Целиот текст на Дојче Веле




