Историчарката Наташа Котлар-Трајкова реагира на последните уцени од Софија кои се во насока на негирање на македонската историја, јазик како услов за признавање на „македонската реалност“.



„Ние проучувачите на македонската историја, не лажеме и не продуцираме мистификации за „пучанство“ (Ковачев). Комисиите (северно-бугарската и северно–грчката) имаат политичка улога и директно ја засегнуваат целокупната македонска академска историографија, бидејќи научните истражувања, пишувања и толкувања ги прави токму таа. Што значи, академска историографија создава научна продукција, која потоа се преточува како синтеза во учебниците. Тие треба да помогнат во процесот на стекнување на знаења на помладите генерации, а не на нивно стекнување перцепции…! Историјата се занимава со проучување на причините и на последиците за настани и процеси во конкретно време, услови, влијанија.

Оттука, работата на комисистите севернисти и преспанисти е директен атак на 76-годишна научна продукција во Република Македонија! Ова пак ни се случува заради нашето недоволно познавање на нештата и на работата, како и заради површност и лукративност!

Комисистите определувајќи се да ѝ се повинат на постојаната политичка, идеолошка или друга која и да е ненаучна кауза, ја губат научната легитимација на нивната работа“!-пишува професорката Котлар-Трајкова.

https://www.facebook.com/kotlarn/posts/10158028436938070