На вжештената дебата во Македонија и во Бугарија, како и меѓу двата соседа, за етничката припадност на Гоце Делчев, нова димензија ѝ даде поранешниот полициски генерал Стојанче Ангелов.



„Гоце Делчев бил Бугарин онолку колку што се Бугари Македонците со бугарски пасош. Вечна ти слава Војводо“, објави на Твитер националниот координатор за воени и полициски ветерани.

Ангелов е лидер на партијата Достоинство и коалициски партнер на владејачкиот СДСМ на Зоран Заев, потписник на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија, според кој беше формирана и Заедничката комисија за историски и образовни прашања, чија работа заглави токму на прашањето чиј е Гоце Делчев.