Министерката за одбрана во дефанзива пред „Комити“ и „Војводи“ на гробот на Делчев (ВИДЕО)

Членови на навивачките групи „Комити“ и „Војводи“ ја натераа министерката за одбрана Радмила Шеќеринска да се повлече од обидот да даде изјава во црквата Свети Спас каде се наоѓаат посмртните останки на Гоце Делчев.



Во моментот кога ја здогледале “Комитите” и “Војводите почнале да скандираат „Никогаш Северна, само Македонија“ што се совпаднало со обидот на вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска да даде изјава за медиумите по положувањето цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“.

Поради скандирањето Шекеринска како шефица на владина делегација го одложила давањето изјава а навивачите ги обвинила дека учествуваат во политички мотивиран настан.

Фразата “Никогаш северна, само Македонија” е присутна на сите спортски настани во земјава а ја користат стотици илјади луѓе во различни пригоди.

„Барем тоа го научивме на Балканот, дека многу често политиката се крие зад навивачките групи и ги злоупотребува“, рекла Шекеринска по инцидентот пренесуваат повеќе медиуми.

По заминувањето на Шекеринска, навивачите продолжиле да пеат македонски патриотски песни и обезбедува и од припадници на МВР од полицијата положиле цвеќе на гробот на великанот.

Видео: 360 степени