Оливер Дерковски, претседателот на ДИК за Плусинфо објаснува дека не смее да се брза со изборите не само поради вонредната состојба во државата предизвикана од епидемијата со ковид-19, туку и поради фактот што Избирачкиот список кој сѐ уште не е заклучен треба да се прочисти.



„При ажурирањето на Избирачкиот список може да се случи да треба да се направат промени во податоците во просек кај над 15.000 граѓани. Според податоци од Заводот за стататистика во земјава месечно умираат од 2.500 до 2.700 лица“, вели Дерковски.

Откако ќе се укине вонредната состојба и кога ќе падне политичкиот договор за денот на изборите , според законски пропишаните рокови, ДИК ќе треба за два месеца да ги заврши сите обврски за организацијата на изборите.

Дерковски го поставува и прашањето дали во услови на здравствената криза, луѓето ќе треба да гласаат со маски и со ракавици, на социјална дистанца…

„Затоа е многу важно да не се брза со изборите, тие пред сѐ, треба да бидат регуларни и спроведени во нормални услови – порачува претседателот на ДИК Оливер Дерковски.