Корона-кризата остави без работа 9.000 лица

Во првите два месеца од корона-кризата, работното место го изгубиле околу 9.000 луѓе.



Во март, кога беше почетокот на пандемијата околу две илјади лица останаа без работа.

Во април нови 7.030 невработени лица евидентира Агенцијата за вработување.

Вкупниот број невработени на крајот на април се искачи на 114.742 и е за над 10.300 поголем во споредба со почетокот на годинава.