4 Maj – денот кога загина Гоце Делчев

„Еве, веќе 117 г. навршуваат од смртта на овој одважен борец за народни права, идеолог и водач на македонската револуционерна борба. Неговата биографија е пространа историја на македонската народна низина, која во народната меморија, во нашата непишана историја, секој Македонец, иако честопати неграмотен, ја учел од постарите, од нивните прикажувања, од песните што ги пееле покрај семејното огниште или на домашните веселби.



Гоце Делчев останува запаметен како една грандиозна фигура, како борец и војвода кој секогаш бил во служба на народот, негов организатор, водач и заштитник. Она што го беседел на средбите, секој негов збор проникнувал во народната душевност.

„Нашиот голем апостол Гоце, кажува: ‘Слободата на Македонија ќе изгрее од самостојната борба на Македонците’. Според некои, Гоце е ‘самоуверен’, но е прав.

Делчев секогаш имаше свое мислење дека ние сосема треба да им се препуштиме на располагање на селаните, за да можеме на ваков начин да ја придобиеме нивната доверба и да ги опфаќаме!“, запишал неговиот, другар и војвода, Н.П.Русински. Гоце Делчев (1872–1903) останува еманација на вековниот стремеж на Македонецот за слободен културен, економски, политички, социјален и народносен развиток“.

Наташа Котлар