Цветанова: Сè се менува, само националромантизмот на Захариева не

Професорката и ексминистерката за култура Ганка Цветанова со реакција на тезата на шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева, која македонскиот јазик го прогласи за бугарски со српски примеси.



„Сè што се менува со текот на времето е динамично. Оттука и јазикот е динамичен затоа што се менува. Нови зборови се поттикнуваат, застарените се бришат. Буквално сè на овој свет се менува! Освен националромантизмот и минатото во кое што живее Захариева…”, коментира Цветанова, која во времето кога беше министерка тогашниот СДСМ ја напаѓаше дека е пробугарски ориентирана.