Среде најновото бугарско условување на евроинтеграцијата на Македонија со откажување од македонскиот јазик, неговата азбука денеска слави 75 години од усвојувањето.
Со решение на Народната влада на Федерална Македонија, азбуката е донесена на 3 мај 1945 година, кога се вовел и правописот на македонскиот јазик, на предлог од Комисијата за јазик и правопис при Министерството на просветата.
Владата ја прифатила азбуката на 5 мај 1945 година и прогласот бил објавен во весникот „Нова Македонија“, кој во тоа време се користел за објавување и на владини акти, а Службениот весник е основан подоцна.





