Уставниот суд (ќе) го враќа распуштеното собрание!?


Судии во Уставниот суд планираат да им предложат на своите колеги да покренат иницијатива по службена должност за укинување на одлуката за распуштање на Собранието, бидејќи сметаат дека е беспредметна, јави „Телма“.



Образложението е дека одлуката за распуштање на парламентот не ја остварила целта поради која беше изгласана, односно не резултираше со предвремени избори на 12 април.

Ако предлогот биде прифатен, тоа би значело дека ќе се отстрани правната пречка за свикување на парламентот, јавува „Телма“.