Ким Јог-ун, син на Ким Јонг Ил и внук на Ким ил Сунг, основачот на Демократсдка Република Кореја, се чини има нарушено здравје, а медиумите ширум светот шпекулираат за можните наследници на „престолот“ во Пјонгјанг.



Неговите деца сè уште се мали и непознати за јавноста, а неговата сопруга нема никаква политичкафункција.

Речиси е исклучена можноста за наследник на лидерот да биде член на неговото семејство, пишува во „National intrest“, помошникот на поранешниот претседател Роналд Реган, Даг Бандоу.

Бандоу смета дека братотот на Ким Јонг-ун, кој има скромна позиција во партијата, не покажува интерес за заземање на власта во државата.

Ја отфрла и можноста сестрата на севернокорејскиот лидер да биде најсоодветна опција за преземање на власта по него, иако таа игра важна политичка улога бидејќи добива моќ од нејзиниот брат.

Ако Ким умре, тешко може да се очекува таа да ја преземе власта со оглед на дискриминацијата врз жените во таа земја, смета Бандоу.

Битката за освојување лидерска позиција веројатно ќе биде жестока и тешка за предвидување.

Семејното стебло на фамилијата Ким