„Имаа стратегија како да се справат со мојата смрт според сценариото за смртта од типот на Сталин“, изјави Џонсон за британски „Сан“.



„Беше тешко. Нема да го одречам тоа“, изјави британскиот премиер Борис Џонсон кој успеа да се излечи од коронавирусот.

Откако беше пуштен, болницата Сент Томас објави дека тие се задоволни што се грижеле за премиерот, но не дадоа детали за сериозноста на неговата болест, освен што тој бил на лекување на интензивна нега.

„Лекарите имаа секакви одговори за тоа што да сторат ако работите тргнат наопаку“, рече Џонсон. ,,Лошиот момент, рече тој, беше кога имаше 50 проценти веројатност дека ќе мора да ми ја туркаат цевката низ трахејата” .

55-годишниот премиер беше во изолација на Даунинг стрит од крајот на март, но потоа е  префрлен во лондонската болница на почетокот на април,каде што бил подложен на третман со кислород и поминал три ноќи на интензивна нега.