На социјалните мрежи се појавуваат шеговити фотографии за тоа како ќе изгледаат локалите по отворањето, откако беа затворени од корона кризата.



На една од нив се гледат гости седнати на заедничка маса но одделени со паравани, за да се избегне секаков контакт.

Имаше најави дека локалите ќе се отворат на средината на месецов, и токму за таа цел почаа преговорите со угостителите, за измените што ќе мора да ги направат кафулињата, рестораните и другите угостителски објекти, за да може и да работат, и притоа да се спречи ширењето на коронавирусот КОВИД-19.

Многу веројатно е дека први ќе стартуваат локалите кои имаат отворени тераси.

Угостителите вчера се сретнале со претставници на Комисијата за заразни болести, но нема детали дали и што е договорено, дознава Фактор

Она што се знае е дека угостителите бараат да бидат вклучени во носењето на одлуката, за таа да биде поволна и за нив, но и притоа да биде заштитено здравјето на граѓаните. 

На крај ќе пресече Комисијата за заразни болести.

Од понеделник Србија и Словенија ќе ги отворат угостителските објекти, додека пак Црна Гора на 18 овој месец. Албанија се уште анализира кога и каков ќе биде протоколот за отворање на угостителските објекти.