Центарлниот изборен штаб на СДСМ бара веднаш по завршување на здравствената криза Македонија, да се оди на избори.



Според владејачката партија изборните дејствија треба да продолжат онаму каде застанаа пред да бидат одложени, а датумиот ќе се одреди откако епидемиолозите ќе прогласат победа над корона вирусот.

 ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека изборите во овој момент воопшто не треба да бидат тема на разговор. Форсирањето избори според опозицијата е нечовечки и недостоинствено.

За новиот датум на одржување на избори ќе биде и една од темите на лидеркста средба кај шефот на државата на 10-12 мај.