Електронска пошта достапна на социјалните мрежи сугерира дека брусењето на сонцето од Кутлеш од јавните површини за време на празник и на полициски час е постапување по добиено известување од Генералниот секретаријат на Владата.
„Вашата обврска е од секоја урбана и месна заедница по петмина вработени да излезат на терен и да ја исконтролираат состојбата околу симболот Сонце на Вергина, односно каде е поставено, испишано, дали е по капаците на шахтите, трансформатори, фасади и објекти (графити) и секаде каде што ќе го забележите, а е на јавен порстор. По увидот, Ве молам направете листа во ворд документ со локација и испратете ми ја на мејл најдоцна до среда“, се вели во допис од Општина Карпош.
Во прилог со него оди известувањето од Генералниот секретаријат на Владата и напомената „по наредба на секретарот на Општина Карпош, Ве замолувам да реагирате уште од денеска“.






