Бирото за јавна безбедност во координација со СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога во акции синоќа и денеска на улица „Алпи“ во Скопје и во специјално направени бункери пронајде повеќе видови оружје, меѓу кои три автоматски пушки, една снајперска пушка, два автоматски пиштоли со пригушувачи, рамки со муниција и една полуавтоматска пушка.
Од МВР информираат дека оружјето било украдено од продавница за оружје.
При пребарување на теренот, во специјално направен бункер пронајдени се и околу 2,5 килограми хероин.








