Професорот Денко Малески во телефонски разговор за Канал 5 вели дека од историјата не може да се бега, туку треба да се прифати реалноста дека со Бугарите некогаш сме биле еден ист народ.



Малески смета дека мораме да ги прифатиме овие тези за да не се соочиме со ново вето за влез во Европската Унија.

,,Тоа се историски факти, објективна историја. Од фактите не се бега и не треба да комплицираме за да не ни се случи грчкото сценарио. Никој не треба да се шокира од тоа што самиот Крсте Мисирков пишувал: ‘Ние досега бевме бугари, а отсега ќе направиме една македонска нација’. Денес е поинаку, постои македонска нација и македонски јазик.

Малески вели и дека во време на Југославија, македонските власти ги селектирале историските податоци и пишувале “Македонци”, таму каде што пишувало “Бугари”. Ваквите изјави првиот министер за надворешни работи првично ги кажа во интервјуа за бугарски медиуми.

Малески се огласи по неколкудневните бурни реакции во македонската јавност за историјата за Гоце Делчев и Крсте Петков Мисирков.