СДСМ се оградува од изјавите на Максим Димитриевски дека пријавите што ги добил поради тоа што од Куманово дошол во Скопје да се тестира од коронавирс му наликувало на режим.



Тоа со сигурност нема да ги спречат институциите да постапуваат и дејствуваат согласно законите за што и самиот Димитриевски е свесен дека во нашата држава важат еднакво за сите, рече портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов на прес-конференција прашан за коментар за изјава на кумановскиот градоначалник за злоупотреба на инструментите на власта што, според него, наликувало на претходниот режим против кој тој се борел.

Костадинов истакна дека владата предводена од СДСМ останува целосно посветена на здравствената состојба и во Куманово и на територијата на Македонија.

На ова реагираше Димитриевски:

Длабоко сум разочаран од изјавата на портпаролот на СДСМ и ја сметам за избрзана и несреќна. Покрај политичка носиме и институционално – општествена одговорност кон граѓаните и јавноста, реагира на фејсбук попладнево кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски откако Костадин Костадинов од СДСМ јавно се огради од неговите изјави.

„Од 1995 година . се водам по начелата на мојата партија за демократија, еднаквост, отчетност, одговорност… и во тој дух ја извршувам функцијата градоначалник на најголемата општина во државата и ќе продолжам така. Дебатата ќе ја водиме внатре во партијата. Сега е време за дејствување против епидемијата и помош на граѓаните.

Постапката ќе покаже дека нема основ за кривично дело и дополнително ќе ги потврди сомнежите. Институционалната хајка која се води против мене и членовите на штабот изминатите денови за мене до овој момент е неразбирлива. Не сакам ни да помислам дека некој во овие тешки моменти се поигрува со здравјето на моите сограѓани, води политика и креира црни сценарија за елиминација на неистомисленици. До тогаш останувам посветен на борбата против епидемијата и моите секојдневни обврски за доброто на сите граѓани“, напиша градоначалникот на Куманово на Фејсбук.