Гола колешка му го расипа јавувањето во живо и љубовната врска (ВИДЕО)

Шпанскиот новинар Алфонсо Мерлос најверојатно ја заврши јавната врска откако среде јавување во живо во кадарот му упадна гола жена која не е неговата девојка, туку колешка од работа.



Мерлос кој е познат новинар сега се соочува со огромен интерес за неговиот љубовен живот во кој досега имаше место само за екс учесничката во „Големиот брат“, Марта Лопез.