Рускиот претседател Владимир Путин смета дека е неприфатливо да се жртвуваат луѓе за да се спаси економијата во услови на ширење на коронавирусот.
„Велат дека во античка Спарта, болните лица и осакатени деца биле фрлани. Точно, денес историчарите и археолозите сметаат дека ова е само легенда, мит”, рече Путин на седница за борба против ширењето на короната во руските региони.
„Знаеме дека спартанското општество навистина било изградено врз цврсти правила. Сепак, тоа не помогна. На крајот Спарта ја изгуби државноста. Како што вели поговорката, историјата е учител на животот“, објаснува Путин.




