Двајца здравствени работници се самоубиле во Њујорк во текот на викендот, потврдувајќи ги студиите кои покажуваат зголемување на стапката на самоубиства кај медицинскиот персонал како последица на тешката работа за време на справувањето со коронавирусот.

Џон Мондело (23) се самоубил во петокот, по помалку од три месеци работа откако завршил Академијата за итни случаи. Само два дена подоцна, истото го стори и д-р Лорна Брин (49), еден од началниците на одделот за итни случаи.



И двајцата работеа во најсиромашните делови на Њујорк кои беа опустошени од пандемијата.

Тие биле директни сведоци на ситуацијата кога на секоио 3 минути во Њујорк умирало по едно лице, кога телата со вилушкар биле складирани во камиони-ладдилници, кога немало заштитна пишуваат американските медиуми.

Таткото на Лорна, вели дека во болницата каде што работела пред нејзини очи починале 59 лица од почетокот на кризата до 7 април и изјави дека претходно немала ментални пречки.

Таа и самата добила коронавирус, но се вратила на работа веднаш штом ѝ се подобрило здравјето.

Во Њујорк има 162.000 позитивни на коронавирус луѓе, а 17.682 починале.

Истражувањата претходно откриле дека стапката на самоубиство кај медицинските сестри и техничарите е значително поголема отколку кај луѓето во другите професии.