Бројот на жртви од Ковид-19 во САД достигна 58.670, со што за 450 лица го натфрли бројот на американските човечки загуби во војната во Виетнам.
Случаите на заразени со коронавирусот се удвои за 18 дена и ја проби бариерата од еден милион, достигнувајќи 1.030.315.
Во САД се регистрирани околу една третина од позитивните на Ковид-19 во светот, а и понатаму најтешка е ситуацијата во Њујорк, од каде што се 30 проценти од заразените во земјата. Следуваат Њу Џерси, Масачусетс, Калифорнија и Пенсилванија.






