По денешната одлука на Уставниот суд со која се поништува владината Уредба за намалување на платите на  2.060 функционери, пратеници, судии, обвинители и директори на минимална плата од 14.500 денари за април и мај, експресна реакција од Владата:



„Со оваа одлука, Уставниот суд директно спречува обезбедување околу 240 милиони денари во буџетот за мерки за справување со ковид-19. Владата изразува разочарување од ваквата скандалозна одлука која ја загрозува борбата со коронавирусот“, соопшти владата.