Кумановскиот градоначалник, освен прекршочно, по пропустите кои ги најде Државниот санитарен и здравствен инспекторат, ќе се гони и кривично според член 206 од Кривичниот законик.
„… Во минатото се борев против режим. Дали е на повидок нешто слично“, објави на Фејсбук Димитриевски.

Од Министерството за внатрешни работи за Фокус потврдија дека поднесена е кривична пријава по член 206, според кој на Димитриевски му се заканува парична казна или затвор од една година.
„Тој што за време на епидемија на некоја опасна заразна болест не постапи според прописите или наредбите со кои се определуваат мерки за нејзиното сузбивање или спречување, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година“, се вели во овој член.
Димитриевски е се уште во изолација откако тестот кој правел на 12 април бил позитивен. Пред да ги дознае резултатите владиниот врв беше на средба со него во Куманово, па сите функционери завршија во изолација. По десетина дена Димитриевски направи тестови во приватни лаборатории кои беа негативни. Негативен беше и втротиот тест од Центарот за јавно здравје.






