Во Белград со тенџериња против првомајскиот карантин

Граѓаните на Белград и други градови во Србија, удирајќи во тенџериња две вечери го изразуваат своето незадоволсто од вонредната состојба и власта, јави дописникот на МИА, наиде на поддршка на опозицијата.



Лидерот на Двери, Бошко Обрадовиќ, вели дека бучавата секоја вечер не е опозициски протест, туку е „граѓански бунт против ненормалната Влада“ и контродикторните мерки против новиот коронавирусот, што станаа целосно бесмислени.

„Ова е граѓанска бунт против ненормалната Влада која сака да нè затвори повторно четири дена во четири sида, додека тие ја продолжуваат кампањата и се подготвуваат за избори веднаш по вонредната состојба, иако изборите се недозволени и од здравствени и од демократски причини“, изјави Обрадовиќ на прес-конференција во српското Собрание.