Откако Оливер Илиевски, член на СДСМ во Куманово и директор на локалното комунално претпријатие на својот фејсбук профил објави дека лидерот на СДСМ Зоран Заев донирал 2.000 социјални пакети, дека Оливер Спасовски донирал 650 пакети , а „ВМРО да не е згасната, што донираа“, реагираше Иван Стоилковиќ претседателот на Демократската партија на Србите.

„Читам и не верувам… И како по правило, без вплетување на острастени фанатици, незнајковци, брзоплетост, неразбирање и секако партиско слепило, не може секогаш до крај и најјасно да ја видиме лагата и бедотијата, но еве…
1. Нели цело време и себе и нас нѐ убедувате дека хуманитарната помош не била партиска. Па како е можно тогаш врвот на партијата да донира и да дели хуманитарна помош, наместо тоа да го работат институции како еве на пример, Црвениот крст на Македонија;
2. Бидејќи нашата држава во изминатиот период има издвоено најмалку средства за државна помош, како е можно „личната” да биде пред државната или компасот ви потпаднал под магнетна резонанца;
3. Не е јасно со кој памет лиферувате вакви податоци кои секако не се пријатни за јавноста, освен за Вашите локални расправи Максо vs.Оливер, но тоа зборува за сериозен недостаток на минимум интелегенција и лична и партиска;
4. Поделбата на пакети одеше преку партиските штабови на СДССМ, има и фотографии кои покажуваат дека партиски штабови се претворија во хуманитарни центри, а поделбата одеше преку партијски активисти на СДССМ, ако инсистирате ќе ги објавиме фотографиите;
5. Покажавте дека борбата со пандемијата ја претворивте во партиска кампања, што секако е за секаква осуда;
6. Се запрашавте ли некогаш кој ви дал за право борбата против ковид-19 да ја претворите во партиска кампања, свесни ли сте дека постои граѓанство кое знае дека јавното здравје не е партиски или личен избор, туку општ интерес;
7. За кратко време хуманитарните центри пак на волшебен начин се претворија во партиски штабови на СДССМ, што суштински и никогаш не престанаа да бидат;
8. Човек себе сам што ќе си направи никој друг не може да му направи, затоа едно големо благодарам за објавата или како кумановчани велат „самоутепанство из заседе”;
9.Наместо општ се определивте за партиски интерес, како и секогаш до сега, но лекцијата за фактот дека Вашиот партиски задник го ставивте пред интересот на народот, државата и заедницата ќе мора на некој од дополнителните часови што следат;
10. Сѐ е добро, проблем е само што не може да се поправи“.




