Предвремени парламентарни избори не се во трите актуелни приоритети на ВМРО-ДПМНЕ, изјави денеска лидерот на опозициската партијата Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција.
„ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да го порази СДСМ секогаш, и на сите граѓани им е јасно, кога и да се случат“, рече Мицкоски.
Според него, познат е и ставот на партијата дека одржување на предвремени парламентарни избори во услови на пандемија на ковид-19, во услови кога ги броиме заразените и оние кои за жал го губат животот, во услови на економска, санитарна и образовна криза и фактот имаме кризна состојба, еден од трите приоритети на ВМРО-ДПМНЕ не е одржување на парламентарните избори. Најпрво да се избориме за здравјето на луѓето, да ја вратиме економијата на победничка патека, па потоа може да размислуваме за избори“,рече Мицкоски.






