Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 126 оздравени пациенти во: Скопје – 22, Штип -1, Струга – 19, Охрид – 1, Велес – 6, Гевгелија -3, Кавадарци – 1, Крива Паланка -1 и Куманово -72.
Две лица починале како последица на компликации од ковид-19 , соопшти Министерството за здравство.
Станува збор за жена на 49 години од Липково, која на 3 април била примена со потешкотии во дишење и веднаш била поставена на респиратор во Градската општа болница „8 Септември“ . Вториот смртен случај е 73-годишен пациент од Скопје, кој на 19 април бил примен во болницата во многу тешка општа состојба.
Во изминатите 24 часа направени се 335 тестирања, при што потврдени се 19 нови случаи на ковид-19 во седум града и тоа во: Скопје – 3, Куманово – 8, во Прилеп, Струга и Велес по 2 и по еден нов случај во Гостивар и во Виница.





