По изјавата на претседателот Доналд Трамп кој на прес конференција јавно праша дали вбризгување на средства за дезинфекција би било ефикасно против коронавирусот – дошло до значителен пораст на случаите со труење во САД. .
Директорката на американскиот Завод за јавно здравство во државата Илиноис, Нгоки Езике, изјавила дека случаи на труење пријавиле луѓе кои со детергенти се обидувале да ги измијат синусите, додека една личност правела гаргара со мешавина од избелувач и вода за уста како би го убила вирусот.
„Вбризгување, пробување и шмркање на средства за чистење е опасно. Не го советуват тоа, тоа може да биде смртоносно“, рекла Езике, пишува Си-Ен-Ен.





