Коронавирусот зеде над 200.000 животи, најлошо во САД

Бројот на смртни случаи како последица на корнавирусот надмина 200.000. Попрецизно, според Ворлдометерс точниот број изнесува 203.308 лица, додека бројот на заразени се доближува до 3 милиони.



Според овој сајт кој се базира на податоци од Светската здравствена организација вкупно активни случаи на заболени со ковид -19, се 1.882.356 лица, од кои 97 отсто или 1.824.473 се со лесни симптоми, додека 57.883 се во тешка состојба.

Први на листата каде состојбата е најлоша се САД со 960.896 заболени и 54 .65 починати лица.

Следуваат: Шпанија со 223.759 заболени и 22.902 починати, Италија со 195.351 заболени и 26.384 починати, Франција со 161.488 заболени и 22,614 починати и Германија со 156.513 заболени и 5.877 починати лица.