Жив е, Ким Јонг Ун пишал писмо!?

Државните медиуми во Северна Кореја објавија дека лидерот Ким Јонг Ун испратил писмо до градежните работници.



Додека целиот свет ја следи драмата околу здравјето на Ким, кој, наводно, е во сериозна ситуација по операцијата на срце, државниот весник „Родонг Синмун“ пишува дека тој испратил писмо до работниците кои работат на модернизација на градот Самјонг, еден од најамбициозните развојни проекти во Северна Кореја.

Ким, наводно, им се заблагодари на работниците што работат на изградба на „идеален социјалистички град“.

Токму во овој град се роди таткото на Ким Ким Јонг Ил кој претходно управуваше со земјата, планирано е градот да претрпи целосна трансформација, нови железнички станици, електрична и телекомуникациска инфраструктура и стотици нови згради.

Самјонг се наоѓа во подножјето на „Светата планина“ а Ким порано доаѓаше тука.

Писмото на лидерот на Северна Кореја до работниците, како и неговата официјална комуникација со странските лидери, донекаде ги замолчи гласините дека тој всушност е на неговата смртна постела. Кина и Јужна Кореја, како и американскиот претседател Доналд Трамп, веруваат дека нема вистина во шпекулациите. (Б92)