СДСМ смета дека не е време за лидерска средба

Потпретседателот на СДСМ, Коста Петров, вели дека сега нема потреба од организирање на лидерска средба, пренесе Алсат М.



Одговарајки на новинарско прашање околу ставиот на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мискоски, кој го повика шефот на државата да свиика лидерска, Петров тој објасни дека во овој момент најважно е надминувањето на пандемијата на коронавирусот и решавање на економските последици од неа.

Петров уште додаде дека сега не е време да се зборува за нови избори.

„Апсолутно не е време да се разговара за избори, има време за избори, ќе разговараме за тоа кога ќе дојде време. Наш главен фокус останува здравјето на нашите граѓани и економските мерки чија цел е да зачуваме што повеќе работни места, да им помогнеме на што повеќе граѓани и заеднички да ја пребродиме оваа криза“.