Пендаровски најави лидерска средба во мај

Претседателот Стево Пендаровски најавуи средба со лидерите на политичките партии во првата половина на мај.



Од Кабинетот на претседателот, за МИА велат дека на средбата во мај ќе се разговара за натамошниот тек на политичкиот процес во земјата, како и за можните термини за одржување на следните парламентарни избори.

„Во овој период сите напори и државни ресурси треба да бидат насочени кон справување со пандемијата на коронавирусот“, изјавија од Кабинетот на претседателот Пенадровски.