Асоцијацијата на Спортски Обложувалници на Македонија ја информира јавноста дека игрите на среќа продолжуваат нормално да се организираат како и досега, откако во медиуми се појави информација дека, наводно, со уредба на Влада се овозможува онлјан обложување кое би требало да го замени традиционалното .
Очигледно станува збор за грешна интерперетација на изјавите на надлежните од страна на дел од медиумите.
Од АСОМ велат дека игрите на среќа се јасно регулирани со закон и дозволи за работа, а во индустријата остануваат вработени околу 8.000 дирекно вработени како и повеќе од 50.000 индиректни работни места кои оваа индустрија ги подржува. (Курир)





