Поранешниот министер за надворешни работи на Македонија, Антонио Милошоски, се придружи на реакциите кон актуелниот шеф на дипломатијата Никола Димитров за неговиот напад на Фејсбук на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, нарекувајќи го „политички лешинар“.
За таа цел Милошоски на Твитер приложи фотографија на која се заедно со Димитров во Меѓународниот суд на правдата во Хаг, кој на 5 декември 2011 година пресуди во корист на Македонија, потврдувајќи дека Грција со ветото за НАТО ја прекрши Привремената спогодба од 1995 година.
„Кога кариеризмот ти е идеологија, лакираните чевли ти се сладолед!“, напиша Милошоски над фотографијата.






