Официјален Пекинг преку амбасадорот во Лондон, уште еднаш ги отфрли критиките и заканите особено од САД дека Кина не споделувала точни податоци околу епидемијата на Ковиод-19 и дека таа е виновна за пандемијатга во светот.



Кина не ја криеше појавата на коронавирус, така што САД не треба да нè малтретираат на начин кој потсетува на европските колонијални војни од 19 век, изјави денескас кинескиот амбасадор во Лондон, Лиу Сјаоминг, пренесе Б92.

„Слушам многу шпекулации и дезинформации за тоа дека Кина ја прикрива епидемијата, крие нешто. Тоа не е воопшто точно“ – рече Ли.

Тој потсети дека кинеската влада е транспарентна и брзо споделувала информации.

„Апсурдно е што судовите во некои земји ја тужат Кина. Некои политичари, некои луѓе сакаат да бидат светски полицајци. Ова не е ера во која Кина е полуколонијално, полу-феудално друштво – рече тој.

Тој изјави дека овие луѓе сè уште живеат во старите времиња и сметаат дека можат да ја вознемируваат Кина и светот.

„Кина не е непријател на САД. Ако сметаат дека Кина е непријателот, тогаш тие одбрале погрешна цел“, рече Лиу.