Бројот на заразени со коронавирус во Македонија достигна 1.300

Во последните 24 часа бројот на новозаболени од коронавирусот е 41, со што бројот на новозаболени достигна 1.300.



Најмногу нови случаи се регистрирани во Скопје – 17, во Куманово има 11 новозаболени, петмина во Прилеп, тројца во Тетово и по еден нов случај во Кавадарци, Гостивар, Крива Паланка, Кичево и Неготино.

Во моментов хоспитализирани се 108 пациенти од кои дванаесет се приклучени на респираторни машини.

Излекувани се 29 пациенти, соопшти Министерствотио за здравство.