Државните медиуми во Северна Кореја не спомнуваат ништо, зџа наводно влошената здравствена состојба на лидерот Ким Џонг Ун.
Во севернокорејските медиуми има само рутински извештаи за достигнувањата на лидерот и постари коментари на прашања за економијата.
Јужнокорејските и кинеските официјални извори се сомневаат во извештаите на јужнокорејските и американските медиуми дека Ким е тешко болен, додека од Белата куќа изјавија дека тоа прашање внимателно го надгледуваат.
Ким Јонг Ун е внук на Ким Ил Сунг, основачот на Демократска Република Кореја, а на власт дојде откако татко му, Ким Јонг Ил, почина во 2011 година од срцев удар.





