Героски: Еве зошто на Заев му се брза да има избори

„… Во јавноста веќе се спомнува јуни, како месец во кој сдсмовците би сакале да истрчаат на теренот, во надеж дека силно ќе ги поразат своите конкуренти.



Во медиумите под контрола на агитпропот, некаде отворено а некаде само меѓу редови, може да се прочита зошто му се брза на Заев,
пишува новинарот Бранко Героски во колумна за „Плусинфо“.

Факт е дека коронакризата целосно ги покри очекуваните пропагандни ефекти од приемот на Македонија во НАТО и од одлуката за почеток на преговорите за членство во ЕУ“ .

„Од друга страна, иако веќе се гледаат првите знаци на голем пад на македонската економија, експертите предвидуваат дека вистинскиот потрес треба да се очекува во втората половина од годината, кога ќе попушти кондицијата на економските субјекти.

Од трета страна, пак, по нормализирањето на животот во земјата, кога нема да бидеме опседнати со епидемијата како што сме сега, вниманието на јавноста неминово повторно ќе се сврти кон темите од времето пред короната: хибриден режим, недооформени демократски институции и практики, високо ниво на корупција, скандали, проблеми во правосудниот систем, проблеми во медиумите, проблеми насекаде…

Кога сѐ ќе се собере и одземе, јасно е дека резултатот на СДСМ на изборите што би се одржале во јуни секако ќе биде подобар од резултатот ако изборите се одржат во септември, а септемврискиот резултат би бил подобар од оној што владејачката партија ќе го постигне на првиот следен термин, а тоа веќе би бил терминот на редовните избори.

Затоа на Заев му се брза. И тоа може да се разбере“, пишува Героски.