Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) е зачуден од толкувањето на македонската влада на извештајот на „Репортери без граници“ за состојбата со слободата на медиумите во Македонија.



Соопштението испратено од владината прес-служба со наслов „Владата го одржува нагорниот тренд на Северна Македонија на листата за слобода на медиумите на ‘Репортери без граници’“, претставува своеволно толкување на извештајот и преземање на успесите на други организации и иницијативи на свое конто, смета ССНМ.

Во соопштението како причини за скокот на листата е наведено подобрувањето на работничките права на новинарите и медиумските работници, но тоа во извештајот на „Репортери без граници“ не е така нотирано, забележува ССНМ.

ССНМ напоменува и истакнува дека во извештајот на „Репортери без граници како позитивни се истакнати иницијативите и активностите на синдикатот, Здружението на новинари и Советот за етика во медиумите во Македонија притоа означувајќи ги како „многу значајни постигнувања“, нож од страна на фелата.

Повеќе