Судиите на суд ќе си ги бараат назад скратените плати

Здружението на судии утре ќе поднесе уставна тужба до Уставниот суд со која си ги бара назад скратените плати на своите членови со владината уредба.



Тужбата, според нив, се базира на прекршеното уставно начело за немешање на извршната власт во независната судска власт, пренесе порталот СакамДаКажам.

Владата со уредба им ги намали платите на судиите кои во просек се по околу 1.000 евра без додатоците и за април и мај ги сведе на минималните 14.500 денари месечно.

Кратењето на платите на избраните и именуваните лица е дел од владините економски мерки за справување со кризата предизвикана од Ковид-19.