Австрија испраќа заштитни ракавици и гел за дезинфекција во Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Молдавија, додека Србија ќе добие ќебиња, душеци и шатори за бегалците кои се наоѓаат на нејзина територија.
Ова е помош што се дистрибуира преку Европскиот механизам за цивилна заштита за справување со здравствената криза, јавува дописничката на МИА од Брисел.
„Вирусот не познава граници и соработката е единствениот начин да го спречиме. Благодарен сум им на Словачка и Австрија за нивните гестови на европска солидарност, изјави еврокомесарот за хуманитарна помош“, Јанез Ленарчич.
Европската комисија потсетува дека оваа асистенција за земјите од регионот е дел од општата помош на ЕУ за западниот Балкан, тука е вклучена и финансиска помош.





