Бугарскиот премиер Бојко Борисов ја објасни помошта во заштитни средства за Македонија за борба со коронавирусот, и покрај забраната за извоз, како гест на солидарност кон „браќата“, на кои им забележа дека постојано (ги) дразнат со историјата.
„Им дадовме на браќата во Северна Македонија зошто нели сме браќа? Треба да имаат и нивните доктори, сестри, лаборанти на првата линија. Според мене, тоа е солидарност, тоа е покажување на односи, а не да се караме или како што прават тие со историјата да нè јадосуваат непрекинато. Тоа е гест“, изјави Борисов.





