Мајката и синот од Велес починале во март, а не во јануари

„Според информациите од Судска медицина, констатирано е дека смртта на мајката и синот од Велес е настаната 3 до 5 недели, поточно во текот на март, а не во јануари, како што иницијално тоа што беше објавено, па поради тоа нема посебен интерес да се направат дополнителни испитувања поврзани со ковид-19“, соопшти денеска министерот Венко Филипче.



Тој додаде дека останува сега Институтот за судска медицина да ја потврди точната причина за настанувањето на смртта кај двете лица.