Извештаите дека водачот на Северна Кореја Ким Јонг Ун е сериозно болен по наводна операција на срцето не се вистинити, соопштија официјални лица во Јужна Кореја.
Насловите во медиумите дека Ким Јонг-ун е „сериозно болен“, „мозочна мозок“ или „закрепнува од операцијата“, невозможно да се потврдат, пренесе Би-би-си.
Од претседателската канцеларија во Сеул соопштија дека нема конкретни знаци „од Север“ што укажуваат дека 36-годишникот е „сериозно болен“.
Ова не е првпат гласините за неговото здравје да предизвикаат шпекулации кои подоцна ќе бидат отфрлени.
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун кој не се појавил во јавност од 11 април, што предизвика гласини за неговото здравје.
САД се обидуваат да дознаат детали во врска со здравјето лидерот на Северна Кореја кој, наводно, бил во критична состојба, откако минатата недела била подложен на кардиоваскуларна операција, соопштија американски официјални лица.
Администрацијата на Трамп не е сигурна во тековната состојба на Ким, соопштија официјалните лица, кои побараа да не бидат идентификувани, пишува „Блумберг“.
Си-ен-ен деновиве пренесе изјава на неименуван американски претставник, дека САД следат разузнавачки податоци дека Ким Џонг Ун е во животна опасност по операцијата на срце.
Засега, нема официјална изјава од Северна Кореја.
Гласините за неговата здравствена состојба особено се засилија откако тој не се појавил на 15 април на одбележувањето на годишнината од роденденот на неговиот дедо Ким Ил Сунг,. кој се смета за основач на денешна Северна Кореја.




