Косовскиот претседател Хашим Тачи утрово е примен во Државниот универзитетски клинички центар во Приштина поради здравствени компликации предизвикани од камења во бубрезите.
На Клиниката за урологија му се направени тестови и е хоспитализиран.
Од претседателскиот кабинет соопштија дека Тачи е во стабилна состојба и оти му се заблагодарил на медицинскиот персонал за укажаната грижа.




