Ве молиме помагајте – Трудница 5 дена чека одговор од Филипче

Една македонска бремена жена уште пред пет дена испратила писмено барање за помош до тимот на министерот за здравство Венко Филипче.



Во дописот насловен како “Прашање за бремени жени!” трудницата бара Филипче и кризниот штаб да дозволат прошетка за нив во текот на денот како што тоа е случајот со сопствениците на кучиња.

” Почитувани, во овие тешки моменти, би сакала да дадам еден предлог со кои веројатно би им се олеснил животот на бремените жени. Ве молам, да размислите за време на полицискиот час или барем еднаш во текот на карантинскиот викенд, да им се дозволи на бремените жени барем 1 час дневно прошетка на воздух. Има бремени жени кои имаат потреба од движење поради болки во кичма, нозе, отоци по телото итн. и тие мора да се движат поради здравјето. Дополнително, има бремени жени кои често повраќаат и имаат мачнини, но немаат тераса за да излезат на воздух, па мора да имаат можност барем пред зграда да се симнат на воздух. Ве молам размислете за да се олесни животот на и онака преплашените бремени жени во овие моменти. Среќни велигденски празници”, пишува Трудницата која инсистира на анонимност чиј допис по 5 дена се уште се разгледува од страна на министерот Филипче и неговиот тим.